Шведска беше домаќин на овогодинешното европско првенство во карлинг. На домашен терен, Швеѓаните предводени од Никлас Един, без пораз, станаа шампиони. Во групната фаза забележаа девет победи од девет натпревари, а во полуфиналето ја совладаа Шкотска со 8-4. Во финалето се соочија со Швајцарија којашто со второто место во главната група и со победата од 8-5 над Данска во полуфиналето, стигна до финале. Швеѓаните очекувано доминираа и победија со 9-3, а неприкосновениот Никлас Един стигна до своето седмо злато на европските првенства. За Швајцарија ова беше шесто сребро. На третото место се пласира шампионот од претходното ЕП – Шкотска, совладувајќи ја Данска со 7-2.



