Велс и Јужна Африка ни пружија мошне интересен дуел во полуфиналето. Првото полувреме беше проследено со очекувано тврда игра и сите поени паднаа од пенали. Бигар за Велс погоди два, а Полард за Јужна Африка погоди три пенали. Резултатот на полувремето изнесуваше 9-6. Велс го почна второто полувреме со нови три поени на Бигар и второ израмнување на натпреварот. Првиот есеј го видовме во 57. минута кога Де Аленд заедно со конверзијата на Полард повторно ја зголеми предноста на Јужна Африка. Сепак и таа предност не траше долго бидејќи Велс повторно израмни со шестиот есеј на Адамс на ова СП и успешната конверзија на Халфпени. Јужна Африка поведе и по четврти пат со 19-16 во 76. минута и повторно преку успешен пенал на Полард што се покажа како конечен резултат на натпреварот.
Во натпреварот за трето место, Велс ќе се соочи со Нов Зеланд, а финалето е закажано за наредната сабота кадешто Јужна Африка ќе ги одмери силите со Англија.



