Седмо првенствено коло во Прва ЖФЛ лига и дерби во Скопје на стадионот Славија во Прживо, каде што долгогодишниот неприкосновен шампион ЖФК Драгон го пречека ЖФК Деспина и сензационално прилепчанки стигнаа до голем триумф и до трите бода од овој натпревар.
Драгонки се нашите преставнички низ евро квалификациите, но поради експанзијата на женскиот фудбал се повеќе екипи во Македонија во женски фудбал вложуваат средства и се екипираат па затоа има поголема конкуренција и порамноправен шампионат.
Во квалитетен дерби натпревар домашната екипа уште на стартот во 2. минута го отвори резултатот со 1:0 со голот на Афродита Салихи, а гостинската екипа ниту во тие тешки моменти не се демотивира, туку напротив веднаш уште во првото полувреме израмнија на 1:1, додека во вториот дел со уште два постигнати гола и резултат од 1:3 стигнаа до голем триумф и три нови бода на контото на табелата.
Стрелци за ЖФК Деспина беа Ангела Стојкоска и Катерина Милеска додека домашните фудбалерки си постигнаа и еден автогол. По седум одиграни кола прилепчанки го заземаат врвот на табелата со 19 бода.



