Франција очекувано ја порази Тонга, но неочекувано се мачеше во текот на дуелот. Французите направија серија од 17-0 во првите 34 минути, за до крајот на полувремето, Тонга преку Такулуа да намали на 17-7. Во второто полувреме имаше помалку поени. Тонгоанците постигнаа два есеја преку Хингано и Капели, а за Французите единствените поени ги запиша Нтамак од два погодени пенали. Конечниот резултат беше 23-21 во корист на „сините”. Со оваа победа, Франција обезбеди четврт-финале и во последното коло ќе игра со Англија за првата позиција во групата и полесен противник во нокаут-фазата.



