Намибија го запиша и третиот пораз на ова СП и тоа очекувано од Нов Зеланд. „Ол Блекс” ја остварија најубедливата победа оваа година – од 62 разлика, 71-9.
Намибија добро се држеше во мечот првите 30 минути и тогаш имаше негатива од само еден поен губејќи 10-9. Во продолжение, Нов Зеланд постигна 61 поен без да прими ниту еден. Есеите за „црните” ги постигнаа Рис (2), Линерт-Браун (2), Смит (2), Таавао-Матау, Муди, Вајтлок и Џ. Берет.
Намибија ги изгуби сите шанси за пласман во четврт-финалето, а Нов Зеланд во следното коло ќе се соочи со Италија во директниот дуел за пласман понатаму.



