Најталентираната македонска тенисерка Александра Симева на ИТФ турнирот во Бар, Црна Гора до 18-годишна возраст како прва носителка го освои нејзиниот прв голем ИТФ трофеј. Во финалето беше поуспешна од квалификантката од Србија, Миа Ристиќ со 2:1 по сетови ( 6:7, 6:0 и 6:1).
Симева веќе зад себе има едно ИТФ финале, а ова за неа е прв голем трофеј на ова ниво. Македонската тенисерка успеа да ги елиминира поискусните и повозрасните тенисерки и покажа дека напредокот е рапиден во кариерата и има пред себе светла иднина.
Со освоениот трофеј Александра Симева од понеделник се очекува да направи голем скок на светската ИТФ листа до 18-годишна возраст каде ќе биде во најдобрите 600 најдобри тенисерки во светот во оваа возрасна категорија.



