После шокантниот пораз од Јапонија во второто коло, Ирска успешно се консолидира и со победата над Русија од 35-0 се врати на победничките патеки. Поените на натпреварот паднаа преку петте целосни есеи. Стрелци беа Кирни, О’Махони, Радок, Конвеј и Рингроус, а конверзиите успешно ги претворија Секстон (3) и Карти (2). Со овој пораз, Русија ги загуби шансите за пласман во следната фаза.



