Најстарото фудбалско дерби во светот потекнува од Шефилд, Англија. Познато е под името „Рулс Дерби” бидејќи било одиграно според правилата што биле напишани во кодексот наречен „Шефилд Рулс”. Ривалите што учествувале во ова дерби биле Шефилд ФК и Халам ФК.
„Шефилд Рулс”:
„Шефилд Рулс” бил првиот кодекс на фудбалски правила и бил актуелен сè до 1863 кога англиската фудбалска федерација (ФА) го објавила својот нов кодекс. Единствено клубовите од Шефилд го користеле својот стар кодекс до крајот на 1870-те години.

Шефилд ФК:
Шефилд ФК е најстариот фудбалски клуб во светот основан уште на 24. октомври 1857. Моментално се натреварува во англиската осма лига, а негов дом од 2001/02 е гратчето Дронфилд во Дербишир.

Халам ФК:
Халам ФК е основан на 4 септември 1860 во Халам, предградие на Шефилд. Во 1886 клубот се распаднал. Една година подоцна е повторно основан и моментално се наоѓа во англиската десетта лига. Уште од самото основање ги игра своите домашни натпревари на „Сендигејт Роуд” – теренот кој официјално е прогласен за најстар фудбалски стадион.

Рулс Дерби:
Првото фудбалско дерби било одиграно на 26 декември 1860 на „Сендигејт Роуд” и завршило со победа на Шефилд ФК од 0-2. Првиот натпревар на првиот стадион на Шефилд ФК – „Брамал Лејн” (денешниот стадион на Шефилд Јунајтед) завршил со масовна тепачка помеѓу фудбалерите, па тој натпревар го добил називот „Битката на Брамал Лејн”.
Заради натпреварувањето во различни дивизии, ова дерби не се игра регуларно секоја сезона, но понекогаш се организираат пријателски дуели. Последното дерби беше одиграно во рамките на Сениор Куп во Дронфилд на 9. октомври 2012 и заврши со победа на Шефилд ФК од 3-2.




