Денес на „ВТБ Арена” во Москва екипата на Динамо ја пречека СКА од Санкт Петерсбург. СКА доминираше во првата третина, но не успеа да постигне погодок. Првиот погодок падна дури на почетокот од втората третина кога Рундблад на асистенција на Кагарлитски успеа да го совлада Кузнецов. На крајот од истата третина, Карпов од пауер-плеј ситуација успеа да ја дуплира предноста на гостите и да го постави конечниот резултат. Голманот на СКА, Алексеј Мелничук, забележува втор шут-аут во низа откако на претходниот натпревар успеа да остане несовладан на гостувањето во Сочи.



