На трката за големата награда на Белгија, на фамозната Спа Франкоршамп, Шарл Леклер стигна до својата прва победа во кариерата.
Моначанецот на квалификациите стигна до пол-позицијата, а денес на трката се здоби со своите први 25 поени во генералниот пласман. На втората позиција заврши Луис Хамилтон проследен од својот клупски колега – Валтери Ботас. Себастијан Фетел заврши на четвртата позиција притоа добивајќи уште еден дополнителен поен за најбрз круг на трката.
Макс Ферстапен заради дуел со Кими Раиконен во првата кривина од првиот круг беше принуден да ја заврши трката предвремено.
Александер Албон на дебито во болидот на Ред Бул стигна до петтата позиција, а останатите возачи што добија поени се Перез, Квјат, Хулкенберг, Гасли и Строл. Главен трагичар, а воедно избран за возач на денот, е Ландо Норис кој цела трка беше на петтата позиција, а во последниот круг му откажа болидот и за жал не ја помина целта.
Леклер својата прва победа ја посвети на младиот Французин, Антоан Ибер, кој вчера несреќно загина на трката во Формула 2.



