Денес почна новата сезона во КХЛ, а како увертира го проследивме дуелот помеѓу минатогодишните финалисти – ЦСКА Москва и Авангард Омск.
Актуелните шампиони од Москва одлично го почнаа мечот. После 11 минути игра падна првиот погодок, а стрелец беше Шалунов. Пред крајот на првата третина, Омск израмни со пауер-плеј голот на Коди Франсон.
Во втората третина, Омск постигна уште еден погодок, а тоа беше дело на дефанзивецот Максим Чудинов кој од сопствената половина го надитри голманот Јохансон. Победата на Омск ја завери Франсон со својот втор гол на мечот на минута ипол пред крајот кога ЦСКА напаѓаше со шест играчи.
Со победата од 1-3, играчите на Омск конечно ставија крај на низата од 9 победи на ЦСКА против нив.
Првиот гол во новата сезона:
Прекрасниот погодок на Чудинов:
Come on that's ridiculous. #CSKvsAVG pic.twitter.com/uzVDspiWVU
— KHL (@khl_eng) September 1, 2019



