Финецот Валтери Ботас денес потпиша нов договор со тимот на Мерцедес што значи дека ќе го гледаме во сивиот болид и наредната сезона.
Тој во 2017 премина во редовите на Мерцедес од тимот на Вилијамс. Оваа сезона се наоѓа на второто место, веднаш зад клупскиот колега – Луи Хамилтон, со освоени 188 поени. На првите 12 трки од оваа сезона запиша две победи, пет втори места и едно трето место.
„Навистина сум среќен и горд што ќе бидам дел од овој тим четврта сезона по ред и имам желба да им се заблагодарам на сите членови на тимот на Мерцедес за нивната доверба и верување во мене… Мојата крајна цел е да станам шампион во Формула 1. Верувам во тоа и со моето искуство во овој тим мислам дека Мерцедес е најдобрата опција за да го остварам тоа во 2020 година.” – се обрати Ботас по потпишувањето на договорот.



