Светското првенство во џудо коешто се одржува во Токио е во полн ек, а денес се одиграа натпреварите за медали во категоријата за мажи до 90 кг.
Во двете борби за бронзени медали видовме интересни дуели. Најпрво, Французинот Клерже стигна до својот трет медал во кариерата совладувајќи го Швеѓанецот Маркус Ниман со ипон на две секунди до крајот.
Веднаш потоа, до првиот медал за Србија на ова првенство стигна Немања Мајдов откако го совлада Унгарецот Кристијан Тот кој во четврт-финалето го победи Силва Моралес при што доживеа блага повреда.
Во финалето се соочија Ноел Ван Т Енд од Холандија и Јапонецот Шоичиро Мукаи. Ван Т Енд со одличен потег стигна до вазари на пола минута пред истекот на регуларното време, а тоа му беше доволно за да стигне до златото.



