Дербито на денешниот ден во рамките на Чемпионшип беше одиграно на Сити Граунд во Нотингем помеѓу екипите на Нотингем Форест и ВБА.
Домаќините заводеа со голот на Мети Кеш во осмата минута, но само седум минути подоцна гостите израмнија преку Кајл Едвардс. И при двата гола голманите не се истакнаа доволно.
Мети Филипс во 26. минута со одличниот погодок од далечина, го постави конечниот резултат од 1-2.



