Тк Тенис парк уште еднаш го потврди своето реноме и квалитет како и фактот што од овој клуб произлегуваат најквалитетните тенисери/ки. На државното првенство во тенис во сениорска конкуренција 15-годишната супер талентирана Александра Симева во дуел против Јана Стојановска беше поуспешна со резултат од 2:0 по сетови со (6:1 и 6:4).
Додека во машка конкуренција Горазд Србљак оствари голема победа над Димитар Грабул со резултат од 2:1 по сетови (3:6, 6:3 и 6:2) и со тоа се закитија со наградата државни тениски прваци.



