Македонската тенисерка и нејзината партнерка Анастасија Комaрдина од Русија во полуфиналето ги “растурија” првите носителки Аншба (Русија) и Детиуч (Чешка) со 6-4 и 6-0. Со оваа победа тие се пласираа во финалето во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Минск што се игра за награден фонд од 25.000 $ . Последна пречка за титулата ќе им бидат вторите носителки, белорусинките Кремен и Шиманович.



