Во третиот меч од ФЕД-купот кој се игра во Хелсинки, Финска женската тениска репрезентација на Македонија славеше против Алжир со 3-0. Ова беше вториот триумф во Групата 3, откако претходно беа подобри од Конго со 3-0, а загубија од Косово со 1-2.
Магдалена Стоилковска ја совлада Инес Бекрар со 3-6, 6-3 и 6-0, додека најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше против Јасемин Бужади со 6-1 и 6-0. Во конкуренција на двоки Ѓорческа и Стоилковска беа подобри од Бекрар и Бужади со 6-1 и 6-2. Настапите продолжуваат утре против репрезентацијата на Кипар.



