На 10. април на домашен терен во Амстердам, Ајакс игра против Јувентус во рамките од првиот дуел од Лига шампиони од 1/4 финалната фаза. Продажбата на билетите за овој натпревар траеше сосема кратко затоа што за 40 минути биле купени сите билети кои биле во продажба, а стадионот има капацитет од 54.000 седишта.
Продажбата започнала во 10.00 часот наутро, а завршила во 10.40 часот. Сето ова само покажува дека од колкаво значење е овој меч за љубителите на фудбалот и посебно за симпатизерите на Ајакс. Сепак стручниот штаб на Ајакс ги предупредува фудбалерите да не размислуваат уште од сега за Јувентус затоа што им следи дерби против ПСВ Ајдховен кој ќе одлучува за шампионската титула.



