Во просториите на ФФМ беа извлечени полуфиналните двојки од Купот на Македонија за жени, а во оваа фаза ќе се играат два натпревари, односно дома/гости, а освен тоа фаворитите за трофејот се избегнаа во овој дел од куп натпреварувањето.
ЖФК Тиверија кој се актуелни шампионки во купот ќе се соочат со новиот прволигаш ЖФК Прилеп, додека во Битола се игра првиот полуфинален дуел помеѓу ЖФК Топ Гол и ЖФК Драгон кој минатата сезона загуби во финалето. Првите натпревари се играат во Струмица и Битола на 24-ти април додека возвратните натпревари се закажани за 8-ми мај во Прилеп и Скопје.
Извлечени полуфиналните парови, Куп на Македонија жени:
ЖФК Тиверија – ЖФК Прилеп
ЖФК Топ Гол – ЖФК Драгон.



