Во рамките на 16. коло од Прва ЖФЛ во дербито на колото, во Струмица во фер и коретна игра и пред се во квалитетен прволигашки натпревар, тимот на ЖФК АСС Унитед од Струга триумфира на гостински терен против ЖФК Тиверија со 1:2 на полувреме 0:0.
Во меч со две различни полувремиња, каде што домашните струмички фудбалерки имаа прво полувреме во кое што имаа повеќе шанси за гол, додека стружанки се обидуваа преку контри и полуконтри да го загрозат противничкиот гол.
На самиот старт на второто полувреме се променија работите и случувањата на теренот затоа што гостинските фудбалерки веднаш по започнувањето на вториот дел се обидуваа да стигнат до почетно водство и таквиот пристап им се исплатеше затоа што по десната страна Синдис Положани во 47. минута беше фаулирана, а по прекинот Положани убаво центрираше и најдобро се снајде во мешаницата Илза Максути за водство од 0:1.
Сепак радоста за стружанки не траеше долго затоа што веќе во 49. минута домашните фудбалерки стигнаа до израмнување на резултатот од 1:1 со голот на Теодора Димоска. На овој натпревар се покажа како слабост на струмичанки бранење при прекини и поради тоа им се случи нов гол во нивната мрежа во 58. минута кога при еден корнер на ЖФК Ас и нафрлена топка во петерецот, домашните фудбалерки не ја расчистија опасноста, а Кристина Мојсоска постигна победнички гол за 1:2 и за поставување на конечниот резултат за нови три бода кои што се доволни да го преземат третото место на табелата од ривалот ЖФК Тиверија кој што пак пред неколку дена триумфира во Струга за куп натпреварувањето, а овој пораз е само одмазда за елиминацијата во Купот на Македонија.
Табела – Прва ЖФЛ – Коло 16
| Тим | Поз | Коло | Поб | Нер | Пор | Г.Р. | Поени |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 | 1 | 16 | 15 | 0 | 1 | 152 | 45 |
| ЖФК ДРАГОН 2014 | 2 | 15 | 15 | 0 | 0 | 91 | 45 |
| ЖФК АСС УНИТЕД | 3 | 16 | 11 | 2 | 3 | 55 | 35 |
| ЖФК ТИВЕРИЈА | 4 | 16 | 11 | 1 | 4 | 60 | 34 |
| ЖФК КАМЕНИЦА САСА | 5 | 15 | 9 | 1 | 5 | 24 | 28 |
| ЖФК ПРИЛЕП | 6 | 16 | 8 | 2 | 6 | 21 | 26 |
| ЖФК ТОП ГОЛ | 7 | 16 | 8 | 2 | 6 | 21 | 26 |
| ЖФК РЕЧИЦА | 8 | 16 | 7 | 2 | 7 | 3 | 23 |
| ЖФК ТЕТОВО 2017 | 9 | 16 | 7 | 1 | 8 | 18 | 22 |
| ЖФК АТЛЕТИКО | 10 | 16 | 4 | 2 | 10 | -51 | 14 |
| ЖФК КОЧАНИ | 11 | 15 | 3 | 2 | 10 | -33 | 11 |
| ЖФК ЉУБОТЕН | 12 | 16 | 2 | 2 | 12 | -91 | 8 |
| ЖФК БОРЕЦ | 13 | 16 | 1 | 1 | 14 | -111 | 4 |
| ЖФК ПЛАЧКОВИЦА | 14 | 15 | 0 | 0 | 15 | -159 | 0 |
Видео: TV Kanal VIS



