Во рамките на 16. коло од Првата ЖФЛ лига ЖФК Прилеп триумфира над ЖФК Борец со 8:0 на полувреме 4:0, а погодоците ги постигнаа Сара Петреска со хет-трик, по два гола постигнаа Јована Ѓорѓиоска и Христина Аџулеска и еден гол и припадна на Елена Бошкоска.
Во фер и коректен натпревар во кој што квалитетот дојде до израз кај искусните домашни фудбалерки, очекувано запишана е првата пролетна победа во првенството против младата екипа на Борец. Натпреварот го одбележа капитенката Христина Аџулеска со два голови и две асистенци.
Освен тоа за Аџулеска ова беше последниот натпревар за ЖФК Прилеп, бидејќи наредната недела заминува да живее во Сад, а ја носеше и капитенската лента. Клубот и Претседателот Славчо Ѓорѓијоски и се заблагодаруваат и при тоа и порачаа:
,,Ти благодариме Кике за се што направи за нашиот клуб, за твојата неизмерна помош и залагање да го вратиме женскиот фудбал повторно во Прилеп, што го носеше дресот на нашиот клуб и неуморно работеше во младинската школа со најмалите членови на ЖФК Прилеп како тренер.
Ти посакуваме Кике многу здравје,среќа и успех во иднина”!



