Во првото коло од квалификациите за ЕУРО 2020, светскиот шампион Франција започна победнички и на гостински терен лесно ја совлада Молдавија со резултат од 1:4, а еден од погодоците постигна и младиот Килијан Мбапе кој со својот гест и однесување во последните моменти од натпреварот го привлече гневот и револтот на светската спортска јавност.
Во 91 минута при резултат од 1:4, токму Килијан Мбапе се обиде на невешт начин да симулира пенал, а судијата Александар Ставрев од Македонија беше на место и сконцентриран, па место пенал додели жолт картон за симулација за Мбапе. Во прилог и видео:
Mbappe hilarious dive and reaction after he was caught pic.twitter.com/CDwKwKsI9A
— zw10 (@zw10__) March 22, 2019



