Популарниот Гранде Пандев против Летонија ќе го одигра својот 100-ти натпревар и ќе стане вториот играч со 100 настапи за Македонија, по Гоце Седлоски.

А веќе на следниот дуел со Словенија, Пандев ќе го испрати некогашниот столб во дефанзивата во историјата и ќе биде фудбалер со најмногу настапи во А-тимот.
Седлоски пред јубилејот на Пандев даде коментар и истакна дека искрено се радува на неговите успеси, како на клупски, така и на репрезентативен план.
„Драго ми е што мојот рекорд со настапи во репрезентацијата го стигна еден таков фудбалер како Пандев. Воопшто не е лесно да се одиграат 100 натпревари за репрезентацијата. Јас долги години му бев капитен и секогаш ги слушаше моите совети. Се радувам за него и за неговите успеси на репрезентативен и на клупски план, каде освои се што можеше да се освои“, вели Седлоски.
Натпреварот меѓу Македонија и Летонија се игра в четврток од 20:45 часот на „Филип Втори“ Арената во Скопје, а билетите се веќе пуштени во продажба, преку продажната мрежа на „МкТикетс“



