Цветан Кузманоски младото лево крило на РК Струга во својата деби сезона во Суперлигата е најдобриот стрелец на стружани во регуларниот дел од сезоната со дури 87 голови. Тој е помеѓу најдобрите стрелци во целата лига заедно со квалитетни и искусни ракометари како Ивица Илиев (Радовиш), Милан Ѓукиќ (Еурофарм), Милан Поповиќ (Пелистер), Бобан Блажески (Охрид), Златко Мојсоски (Бутел), Мирко Мајиќ (Бутел)….

Секоја чест за младиот Цветан Кузманоски и му посакуваме да продолжи со одличните игри и пролетва во Плеј Аут лигата.



