Кристијано Роналдо избегна суспензија од УЕФА, но заработи парична казна за прославата на третиот гол против Атлетико Мадрид во рамките на реванш натпреварот на Лига шампиони од осминафиналето. Иако се шпекулираше дека Португалецот би можел да биде суспендиран за натпреварите од четвртфиналето против Ајакс, сепак дисциплинската комисија му изрече само парична казна од 20.000 евра.



