Вејн Руни го постигна својот прв хет-трик за ДЦ Јунајтед кој се натпреварува во американската МЛС Мајор лига. Во рамките на новата сезона во МЛС во третото коло на домашен терен ДЦ Јунајтед дојде до убедлива победа од 5:0 против тимот на Реал Солк Лејк.
Руни погодоците ги постигнуваше во 34 минута од пенал, 41 минута и 65 минута, а за четвртиот гол кој го постигна Родригез во 76 минута, англичанецот беше асистент. Конечните 5:0 ги постави Сегура во 80 минута. Видео хет-трик на Вејн Руни:



