ФФМ си поигрува со женскиот фудбал во Македонија, па освен што нема развој и напредок се почесто се случуваат натпреварите да завршуваат со преголема разлика или пак екипите да излезат со помал фонд на фудбалерки и веднаш на стартот поради повреда на фудбалерка да се прекине натпреварот и на една од екипите да им припадне службена победа.
Истиот случај денеска се случи во Тетово, каде што требаше да се одигра првенствен натпревар од Првата ЖФЛ каде што домашната екипа на ЖФК Тетово на терен излезе со само 7 фудбалерки и по десетина минути игра една фудбалерка се повреди што мораше да се прекине мечот поради недоволен број на фудбалерки кај домашната екипа. На овој начин ЖФК Драгон без борба ги заработи новите три бода со службена победа од 0:3.



