Реал Мадрид за само неколку дена ги изгуби сите битки за титула оваа сезона и тоа се случуваше на ,,Сантјаго Бернабеу”. Првите два болни порази беа против ривалот Барселона, најпрвин во купот на кралот со 0:3 во рамките на полуфиналето, а потоа и во првенството со 0:1, каде што се сега далеку од битка за првото место и последниот сензационален пораз е против Ајакс во Лигата на шампионите со резултат од 1:4 и рана елиминација од најелитното европско клупско натпреварување.
Веднаш по завршувањето на мечот од Лига шампиони, во соблекувалната се појавил првиот човек на клубот, Флорентино Перез кој бил видно разочаран и нервозен и ги искритикувал на сите фудбалери во тимот каде што често го користел зборот ,,Срамота”.
Набрзо во соблекувалната влегол и капитенот Серхио Рамос и веднаш застанал зад своите колеги и му возвратил на Перез дека само тој е крив за елиминацијата и дека лошо го раководи клубот. Рамос потоа побарал да биде исплатен и да си замине од Реал Мадрид по 14 години престој во кралскиот клуб.



