Со вчерашниот триумф на Динамо Загреб од 1:0 над Бенфика, Хрватска направи огромен скок и ќе има поголем коефициент и со тоа добива право да вклучи и втор тим во квалификациите за Лигата на шампионите од сезоната 2020/2021 година.
Вкупно Хрватска во евро-квалификациите ќе има пет преставника, а тоа значи дека пола лига ќе учествува во Европа, ако се знае дека ХНЛ има 10 клуба во првенството. За прв пат во историјата Хрватска ќе има можност со два клуба да се претстави во најелитното европско клупско натпреварување.



