Вечното фудбалско српско дерби помеѓу Црвена Звезда и Партизан и овој пат не помина без инциденти, прекини, тепачки и немили сцени. Дербито по 159-ти пат се одигра, а крајниот резултат гласи 1:1. По завршувањето на натпреварот во тунелот ,,Црвено-белите” и ,,Црно-белите” фудбалери имале физичка пресметка помеѓу себе.
На новинарско прашање до тренерот на Црвена Звезда дали во тунелот имало физичка пресметка, Владан Милојевиќ се оправдал дека не знаел дали се одиграло ,,трето полувреме” затоа што прв си заминал после завршувањето на мечот во клупските простории.



