Тимот на Татран Прешов славеше висока победа oд 47:23 (полувреме 24:11) против тимот на Агро Тополчани во петтото коло од плејофот на Словачка. Нашиот интернационалец Никола Костески постигна 9 голови и беше најефикасен во тимот на Татран заедно со Јакуп Хрстка кој беше исто така стрелец на 9 голови. Во тимот на Агро Тополчани, Филипеје беше прв стрелец со 5 голови.



