Екипата на Филип Миркуловски, Вецлар успеа да слави нагости против Лудвигсхафен со 29:25 (полувреме 16:13) и се искачи на 13. позиција на табелата. Филип Миркуловски постигна 1 гол и 1 асистенција на овој натпревар.
Но популарниот “Жути” по натпреварот покажа зошто важи за ракометарот со најголемо срце. Тој успеа да израдува еден наш Македонски навивач со негов дрес со автограм. 



