Челните луѓе на спортските високи функции често пати ја злоупотребуват својата функција, наместо да се грижат за развој и промоција на спортот. Финансиската полиција во Македонија поднесе кривична пријава за даночно затајување и фалсификување и уништување на деловните книги кој финансиската полиција се сомнева дека ги направил екс претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Според финансиската полиција делата се направени во перидот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018 година. Делата за кои се сомничи Ѓорѓиоски се дека тој во сметководствената евиденција не извршил отпис на ненаплатени побарувања од купувачите постари од три години и тоа од ликвидиран непостоечки субјект АД Тобако Скопје во износ од 10.639.293 денари и од АД Југохром Јегуновце во износ од 6.169.832 денари.
Извор: novatv.mk



