Лидс Јунајтед на својот стадион ,,Еланд Роуд” дојде до важна победа и нови три бода со кои што повторно се врати на врвот на табелата барем до утре кога своите натпревари ги играат Шефилд и Норич кои што ако дојдат тие до триумф ќе бидат пред Лидс.
Ова беше дерби натпревар во рамките на 35. коло од англиската Чемпионшип каде што домашните фудбалери во доминатна игра и уверлива победа со резултат од 4:0 го поразија Вест Бромбич Албион. Погодоците за Лидс ги постигнаа Хернандез и Бамфорд во првото полувреме.
Додека во вториот дел повторно Бамфорд се запиша во листата на стрелци, а заверката на победата ја постави Езџјан Алиоски кој во судиското продолжение ги постави конечните 4:0. Овој гол за Алиоски е вкупно седми во Чемпионшип, а тимот го освои 67-от бод на контото на табелата.
Видео: Погодокот на Езџјан Алиоски за поставување на конечните 4:0 за Лидс над ВБА
https://www.facebook.com/totalleedsgoals/videos/397489527700040/?__tn__=kC-y.g&eid=ARA5dtIIiiCWBqIG21jp2HOajtnAvYzr0KUiPYqw8WLaejAYQjdPA4FmAkPdLDzGsFa7ZjB_2yKgFzc5&hc_ref=ARQqZI3V4h0iHUzGfymhBSFXlAs2aoxPTcbFx9s2WUTRFYz5uFsCoBI6



