Македонски поп пејач Филип Пешевски ја промовираше неговата најнова песна насловена “Крај мене во бело си”. Музиката за оваа песна е негова, текстот е на Елвир Мекиќ, додека аранжманот е на Никола Автовски. Спотот се снимаше на различни локации низ Македонија во реализација на BlackMagic продукција.



