Аријан Адеми е единствениот македонски интернационалец кој успеа со својот клуб да се пласира во 1/8 финале од рамките на нокаут фазата на Лига Европа. На стадионнот ,,Максимир” Динамо Загреб предводен од капитенот Адеми кој одигра цел натпревар тимот стигна до рутинска победа од 3:0 со погодоците на Орсиќ и Дилавер во првото полувреме и конечниот резултат од 3:0 го комплетира Петковиќ со гол во 73. минута за елиминација на Викторија Плзен.
Останатите интернационалци ја немаа таа среќа и испаднаа од 1/16 финалната фаза каде не ги продолжуваат настапите. Спортинг Лисабон испадна од Вилјареал со вкупен резултат од 2:1 против Вилјареал, а на реваншот во Шпанија резултатот гласеше 1:1. Прв поведе Спортинг со голот на Фернандес, а во вториот дел израмна Форналс во 79. минута. Стефан Ристовски за Спортинг настапи до 83. минута и играше во срединaта на теренот позиција која не е природна за него затоа што тој е пред се десен бек.
Фенербахче за кој игра Елиф Елмас на првиот натпревар во Турција го совладаа Зенит Санкт Петерзбург со 1:0, но на реваншот загубија со 3:1 и со вкупен резултат од 3:2 се елиминирани од понатамошното натпреварување во Лига Европа.
На реваншот во Русија, домашната екипа поведе преку Оздоев со 1:0 во 4. минута, а Азмун во 37. минута го дуплираше водството на 2:0, додека решавачкиот гол за пласман го постигна Азмун во 76. минута, додека единствениот гол за гостите го постигна Топал. За Фенербахче цел натпревар во средниот ред одигра Елиф Елмас кој прикажа квалитетна игра, а при тоа заработи и жолт картон.



