Во недостиг на квалитетни спаринг партнери оваа зима ЖФК Истатов одигра пријателски натпревар на домашен терен против ФК Кожув генерација на фудбалери 2003 година и загубија со 1:4 на полувреме беше 0:3.
За истатовки ова е втор контролен напревар, каде што на првиот триумфираа против ЖФК Речица, а овој контролен меч загубија, но најважно од се е екипата добро да се подготви, поголем број на фудбалерки да добијат минутажа и да се темпира формата за првенството и купот на Македонија. Инаку ЖФК Истатов требаше да патува за Србија и да одигра против Машинац, но поради лошите временски прилики се одложи оваа акција.



