Рајо Валјекано несреќно загуби во рамките на 24. коло на домашен терен од Атлетико Мадрид со единствениот гол на Антоан Гризман во 74. минута на асистенција на Алваро Мората.
Столе Димитриевски имаше одлична партија на стадионот ,,Валјекас”, но сето тоа не беше доволно да се извлече поволен резултат. Атлетико Мадрид со новите три бода се зацврстува на втората позиција на табелата.
Рајо Валјекано е на позицијата број 18 и е во зоната за испаѓање со реални шанси да изборат опстанок во Примера ако и понатаму прикажуваат квалитетни натпревари во првенството како овој меч против ,,Јорганџиите”.



