Иако постоеше сомнеж дека ќе добие отказ, сепак Ернесто Валверде, тренерот на Барселона доби продолжување на договорот со каталонскиот тим до 2020 година со можност на продолжување на додатна уште една сезона. Валверде откако е на кормилото на Барселона во официјални 96 натпревари има вкупно 65 победи со тимот.



