На велшкиот фудбалер Герет Бејл кој настапува за Реал Мадрид му се закануваше голема суспензија од дури 12 натпревари поради спорната и скандалозна прослава на гол на натпреварот против Атлетико Мадрид, во градското дерби.
Меѓутоа, од високата суспензија нема да има ништо, затоа што фудбалскиот сојуз на Шпанија ја прифати жалбата на ,,кралевите” па фудбалерот ќе добие суспензија од само 2 до 3 натпревари.



