Фудбалерот на Арсенал, Мезут Озил е во немилост на менаџерот на тимот, Унаи Емери, но сето тоа шпанскиот стратег не го загрижува премногу. Озил оваа сезона го загуби стандардното место во првата постава на Арсенал и се поблиску е да го напушти лондонскиот клуб.
Мезут Озил би заминал од Арсенал само под услов клубот кој ќе го ангажира да му ја даде сегашната плата, што е тешко за верување дека ќе се најде таков клуб. Германецот зема плата од 350 илјади фунти седмично во Арсенал, што е фантастично голема финансиска придобивка за него.



