Челзи се наоѓа во криза по дебаклот на ,,Етихад” и поразот од 6:0 против Манчестер Сити. Шпанските медиуми повторно ја отворија темата и шпекулациите за можноста Еден Хазард да направи трансфер во Реал Мадрид.
Последните неколку преодни рока, белгиецот се спомнуваше како ново засилување за тимот на Реал Мадрид. Медиумите во Шпанија одат до таму што веќе ја спомнуваат и сумата која би ја платиле ,,кралевите” за одличниот фудбалер, а таа изнесува не повеќе од 110 милиони евра. Дали ќе се реализира трансферот на лето останува двата тима да преговараат и да се договорат.



