Јокиќ го оствари 12-тиот трипл-дабл ефект сезонава, вкупно 28. во кариерата со што се изедначи со Мајкл Џордан на вечната листа, со 20 поени, 18 скокови и 11 асистенции, но што е најважно го постигна победничкиот кош на 0,3 секунди.
Никола погоди со одбојкарски шут по офанзивен скок, откако претходно самиот го промаши првиот шут за триумф на Деневер. Најефикасен кај Денвер беше Пол Милсап со 25 поени и 13 скока, а дополнителна причина за среќа на навивачите на овој тим беше враќањето на Ајзеја Томас на паркетот по паузата од 11 месеци поради операција на колкот.
Во продолжение проследете го трипл-дабл на Јокиќ на овој натпревар како и последниот погодок за победа.



