Избраниците на Томас Тухел на супериорен начин ги надиграа домашните фудбалери на Манчестер Јунајтед и дојдоа до огромен гостински триумф од 0:2 со погодоците на Кимпембе во 53. минута и Мбапе во 60. минута и двата гола на асистенција на Анхел Ди Марија.
Ова е прв пораз на ,,Црвените ѓаволи” по преземањето на клупата на Оле Гунар Солскјер и само е доказ дека менаџер не се станува со работа од само две недели туку тоа е процес на созревање, на создавање, учење и собирање на искуство во текот на сезоните.
Гостите дојдоа на првиот меч со многу проблеми и тоа на првите нивни ѕвезди и кога се чинеше дека двомечот ќе биде само лесна прошетка на англичаните во оваа фаза се прелажаа и таквиот однос кон играта скапо ќе го платат, односно со елиминација уште во 1/8 финалната фаза.
Можеби се ќе беше поинаку ако во првиот дел не се повредеја Ентони Марсијал и Џеси Лингард кои принудно го напуштија теренот и ако судијата Орсато имаше повеќе храброст и го исклучеше во првиот дел дефанзивецот Кимпембе кој на неколку пати стартуваше за втор жолт картон кој италијанскиот арбитар му прегледа низ прсти.
Во второто полувреме целосно доминираше ПСЖ, а домашните фудбалери немоќно и јалово се обидуваа да се спротистават на расположениот париски состав. Одличен настап за ,,Светците” имаа на средината на теренот Маркињос, Алвес, Дракслер и Ди Марија кои лесно излегуваа на крај со средниот ред на противникот. Освен тоа Пол Погба во финишот на натпреварот доби втор жолт картон кој ќе го оддалечи и суспендира од реваншот кој се чини ќе биде чиста формалност.
Видео: Манчестер Јунајтед 0 – 2 ПСЖ стрелци Кимпемпе и Мбапе
Во вториот натпревар од 1/8 финалната фаза се сретнаа екипите на Рома и Порто, а победата им припадна на домаќините кои на ,,Олимпико” дојдоа до минимална победа од 2:1 со погодоците на младиот Заниоло во 70 и 76. минута и двата гола на асистенција на Един Џеко, додека гостите преку резервистот Адриан во 79. минута постигнаа гол кој им е од голема важност пред реваншот кој ќе се игра на ,,Драгао”.
Овој натпревар изобилуваше со шанси и динамична игра, а посебно во офанзивата се истакнаа домашните фудбалери кои постојано го бараа патот до мрежата, но искусните португалци се ориентираа на контри кои умешно ги користеа и на крај дојдоа за нив посакуван резултат за во реваншот каде им е потребна минимална победа за да се пласираат во наредна фаза.
Видео: Рома 1 – 0 Порто стрелец Заниоло
Видео: Рома 2 – 0 Портон стрелец Заниоло
Видео: Рома 2 – 1 Порто стрелец Адриан



