На ,,Вембли” ќе се судрат два офанзивни стилови на игра каде што на едната страна се домашните фудбалери на Тотенхем наспроти гостите од Германија, тимот на Борусија Дортмунд. Спарси повторно го заобиколија зимскиот преоден рок и со истите сили ќе се обидат да бидат во борба на највисок пласман на сите фронтови.
Борусија Дортмунд по елиминацијата од Купот на Германија им преостанува домашното првенство во кое што се лидери на табелата и најелитното натпреварување во Европа, односно Лигата на шампионите. Тотенхем има проблеми со повредени фудбалери во прв план: Кејн, Деле Али, Ламела, Даер и Дејвис, додека гостите позначајно отсуство се очекува да претставува Марко Ројс кој влече повреда.
Во овој меч нема изразит фаворит, туку постојат два тима кои се еднакви во сите сегменти на играта. Ќе пресуди моменталната инспирација на поединец, грешка на противникот и ќе биде потребно да се биде на високо ниво на двата натпревари.
Во вториот натпревар од вечерашната пресметка ќе се соочат Ајакс и Реал Мадрид на ,,Амстердам арена”. Ова е дуел на два исто така офанзивни тимови кои се ориентираат на многу напади и кои го сакаат поседот на топката.
Ајакс ќе се обиде да ја искористи младоста, полетноста и талентираноста на своите фудбалери, додека ,,кралевите” предводени од клупата од аргентинецот Солари главна карактеристика ќе им биде искуството и цврстината во средниот ред, како и сигурната одбрана.
Реал Мадрид влегува во голема форма и секој кој ќе им се спротистави во овој период ќе биде во аутсајдерска улога, како што е во случајов холандскиот преставник. Сепак во ниту еден момент нема да недостасува офанзивна и актрактивна игра на двата тима во двомечот.



