Македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска забележа победа со нејзиниот тим Мунисипал Крајова на домашен терен против Бера Бера од Шпанија со 26:23 (полувреме 13:11) во ЕХФ Купот .
Со оваа победа Крајова го освои третото место во групата зад Подравка и Ник, а пред шпанска Бера Бера. Стружанката Елена Ѓорѓиевска имаше солиден настап и на оваа средба постигна 2 гола во мрежата на Бера Бера.



