Вечерва и Лига Европа продолжува со натамошниот тек на натпреварувањето со 1/16-финалната фаза во која што прв меч кој го отвораат вториот дел од сезоната се Елиф Елмас и неговиот Фенербахче против Зенит Санкт Петерзбург на стадионот ,,Шукру Сарачоглу”.
Два тима со диеметрално спротивна натпреварувачка форма каде што Фенербахче е во длабока играчка и резултатска криза каде што само е еден бод над зоната за испаѓање во првата турска лига, додека Зенит по 17. одиграни кола е лидер во руската прва лига.
Во последните неколку сезони Зенит постојано е во врвот на европскиот фудбал и игра важна улога, а најголем дострел на турските клубови е групната фаза или првото ниво на нокаут фазата. Рускиот преставник е апсолутен фаворит за влез во 1/4 финале, а ,,канаринците” од Истанбул ќе се обидат скапо да ја продадат кожата и да го воиграаат тимот за понатамошниот тек на турската лига и главна нивна цел ќе биде да се обезбеди опстанокот.
Се очекува на вечерашниот натпревар од 18.55 часот тимот на домашните да го предводи Елиф Елмас кој е единствена светла точка и кој што на секој меч го дава својот максимум од своите можности. Освен тоа за него ова ќе претставува аудија пред големиот аудиториум и можноста да се презентира пред европската фудбалска елита.
1/16-финале Лига Европа прв меч
Фенербахче – Зенит Санкт Петерзбург
стадион: ,,Шукру Сарачоглу”
од 18.55 часот.



