Македонскиот бомбардер и искусен интернационалец 29-годишниот Мирко Ивановски кој настапува за хрватскиот гигант Хајдук од Сплит се ,,презасити” од хрватскиот фудбал, воедно и се докажа како еден од најдобрите поединци во таа средина и време е за нов предизвик во кариерата.
Во последниот лигашки натпревар на Хајдук против Локомотива Загреб кој што триумфираа домашните со резултат од 2:1, Ивановски не беше во протоколот за тој меч што само ги подгрева најавите дека чека трансфер во некој од западноевропските лиги кој сеуште не е затворен трансфер прозорецот за овој зимски преоден рок.
Ивановски во својата кариера освен за својот матичен клуб Пелистер, настапуваше уште за: Македонија Ѓорче Петров, Славија Прага, Арка Гдињск, Астра Плоешти, Астра Ѓурѓу, Клуж, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо и од овој клуб премина во Хајдук од Сплит кој во првата полусезона во првенството постигна 5 погодоци. Ивановски има и долг репрезентативен сениорски стаж и со својата форма и квалитет заслужува повторно да се најде во најдобриот А-национален состав.



