понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

(Фото) ,,Ѓаволи” наспроти ,,Светци”, Мега пресметка на ,,Олд Трафорд”

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
февруари 12, 2019
📁 Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Вечерва продолжува најинтересниот тек од Лигата на шампионите со нокаут фазата, а први дуели кои ќе ја отворат 1/8 финалната фаза се Манчестер Јунајтед и ПСЖ на ,,Олд Трафорд” и Рома против Порто на ,,Олимпико” во Рим.

Мега дуелот помеѓу ,,Црвените ѓаволи” и ,,Светците” ќе биде вистинско уживање за сите неутрални љубители на фудбалот затоа што се очекува пред се неизвесен и драматичен двомеч, а пред се натпреварот да се карактеризира со атрактивна игра, динамика и голем број на шанси на двете страни.

За време на ждрепките французите со задоволство ја примија веста дека ќе се соочат со тимот на Манчестер Јунајтед, но за неколку месеци оттогаш се променија многу работи и по преземањето на клупата од страна на Оле Гунар Солскјер работите се сосема поинакви и како фаворит се издвојува англискиот преставник.

Норвежанцот на клупата на англискиот великан нема загубено натпревар и ова за него ќе биде деби настап во Лигата на шампионите. Од друга страна тренерот на ПСЖ, Томас Тухел има многу проблеми со повредени фудбалери пред се на првите ѕвезди Нејмар и Кавани. Тухел за француските медиуми изјави дека не е среќен што во ваков момент треба да се соочи против Манчестер Јунајтед и дека неговите фудбалери ќе имаат тешка задача.

Вториот натпревар од отворањето на најелитната фаза на натпрерварување е дуелот помеѓу Рома и Порто. Овој дуле е во сенка на мега пресметката во Англија, но сепак многу важен меч за двете екипи кои од ,,сенка” ќе се борат со најголемите европски тимови за висок пласман.

,,Римската волчица” влегува во овој двомеч како аутсајдер од проста причина што тренерот на Рома, Ди Франческо долго време е под притисок дека може да добие отказ поради лошите резултати, а од друга страна ниту нивните навивачи не се среќни како игра нивниот омилен тим.

Порто е во натпреварувачка форма, каде што во домашното првенство е лидер на табелата, а во Лига на шампиони ќе се обидат да се пласираат во 1/4 финалето. Првиот меч се игра на стадионот ,,Олимпико” во Рим каде што Рома има проблеми и со повредени фудбалери во прв план, голманот Олсен, Манолас, Ундер, Шик и Пероти што е сериозна бројка на отсутни играчи. Сепак и на овој дуел се очекува до крај неизвесна борба за пaтникот во наредна фаза.

 

ShareTweet
Претходна вест

Доделени најдобрите музички награди – Grammy

Следна вест

Најава: Елмас и Фенербахче на отворањето на ЛЕ против Зенит

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

Најава: Елмас и Фенербахче на отворањето на ЛЕ против Зенит

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.