На ,,Ванда Метрополитано” Реал Мадрид дојде до триумф од 1:3 против својот градски ривал Атлетико Мадрид во дербито популарно наречено ,,Мадрилењо”. Погодоците за ,,кралевите” ги постигнаа Касемиро, Рамос и Бејл, додека почесниот гол за домаќините го постигна Антоан Гризман.
Сепак на ова дерби домашните навивачи не можеа да му го простат ,,предавството” на својот екс голман Тибу Куртоа кој премина во лутиот ривал Реал Мадрид. Навивачите гневни што нивниот миленик ги брани боите на омразениот ривал, фрлаа по Куртоа со гумени глувци.
Фото: Навивачите го гаѓаа со гумени глувци голманот Тибу Куртоа



